Пролетниот епидемиски бран кој се разгорува во Битола, ги загрижува повозрасните битолчани, па тие бараат заострување на мерките и подолг полициски час. Градоначаникчата Петорвска, пак, побара сопствениците на угостителските објекти да ги отворат загардените тераси пред рокот, за да дадат свој придонес во спречување на ширење на вирусот.
Битола, како повеќето градови низ дражавата е среде најжестокиот бран на КОВИД-19, а брјот на заболени и хоспиталзирани е во драматичен пораст. За само 5 дена градот има речиси 500 новозаболени и 1000 активни слуачи. Се полната и болничките капацитети, иако има слободни места, сепак хоспиталзираните се со тешка клинилка слика. Граѓаните се загрижени за актуелната сосотојба, па повозрасните бараат доплнителни рестриктнивни мерки за да се запре ширењето на вирусот
-Полициски час и дење и ноќе еден месец, па да се исчисит ова, нема друго чаре, вели еден битолчанец
-Порано нека е полицискиот час, од 19 часот, една недела-две, инаку многу лошо е, вели друг битолчанец.
Битолчани велат дека младите се тие што им го носат вирусот дома.
-Мора де се преземе нешто со кафулињата и кладилниците. Младите се заразуваат и го пренесуваат на старите. Шетаме со пријателка надвор на отворено и на растојание, се дружиме но надвор на отворено. Сите нека шетаат на отворенио, но не знам зошто затворени во кафулињ, вели битолчанка.
Градоначалничката Наташа Петорвска ги повика сопствениците на угостителските објекти да ги отворат заградените тераси кои се зони за пушачи во зимскиот период.
-Формално правно и тоа можее да го регулираме. Иако 15 април е тајмнигот до кога можат да остранат оградите, сепак можат да преминат на летната шема на работење, бидејќи така нема да бидат загрозени нивните бизниси, а од друга страна ќе дадат поддршка да не се зголемуваат бројките на КОВИД заразени во нашата Општина, вели Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола
Петровска вели дека според информациите од здравствените власти следат уште две критични недели од овој пролетен бран на вирусот и апелира да се почитуваат сите мерки за заштита.
Емилија Мисирлиевска
