Стотина нови случаи на ковид-19 за два дена во Струмица. Рапидно се зголемува бројот на новопозитивни во регионот.
Според локалните здравствени власти, се уште не е критично во поглед на сместувачките капацитети.
И во Гевгелија се уште не се намалува бројот на новозаболени со корона-вирус. Таму, велат лекарите, има поголем број на пациенти со сериозна клиничка слика, што е предизвик за сместување.
Капацитетите им се речиси полни, а немаат ни доволно лекари. Во Југоистокот во тек е и вакцинацијата на граѓани над 77 години.
Во Југоисточниот регион има повеќе од 1100 активни случаи на Ковид-19.
Сузана Мицева
