Над 120 пациенти во кочанскиот и штипскиот ковид центар се борат за живот. Капацитетите се преполни и во модуларните болници и на останатите одделенија кои се активни.
Во Кочани нема слободни места. 20 лица се на кислородна подршка, пет пациенти се критични, а имаат пациенти од целиот исток, но и од Гевгелија и Валандово.
Истата слика е и во Штип, каде што е ангажиран целиот стручен кадар, а од денеска на инфективното работат и интернисти.
Лекарите се загрижени за состојбата на пациентите, ги има на различна возраст и во овој бран не доминираат лицата над 60 години, имаат и пациенти над 23 години.
Според епидемиолозите вирусот се шири внатре во семејствата и тешко може да се утврди изворот.
Ако заболи еден член од семејството, сите останатие се заразуваат.
Во штипскиот регион засега нема големи кластери во институции и фирми. Но, од Гласен Текстилец бараат засилени контроли во автобусите, кои се се превезуваат работниците.
Досега двапати реагиравме до соодветните институции, но ниту еднаш не добивме одговор. Важно е да се заштити здравјето на текстилните работнички“, вели Кристина Ампева од „Гласен текстилец.
Во двата ковид центри во источниот регион битката ја загубија четири пациенти, а во овој регион активни се над 1.300 случаи.
Викторија Јованова
