Тоа што не е донесен Законот за инсепкциски надзор на животната средина влијае врз соработката со инспекциските служби на државно и локално ниво, се пожали в.д. директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска. Според неа, не постои увид на дел од загадувачите на локално ниво зашто во повеќе општини нема инспектори за животна средина, а таму каде што ги има, немаат добиени лиценци. Петровска побарала 13 вработувања, од кои 12 за инспектори, меѓу кои 4 за во Скопје. Но, не е оптимист дека Министерството за финансии ќе даде дозвола за сите вработувања.
Најмалку една третина од општините немаат овластени инспектори за животна средина, а таму каде што ги има, немаат лиценца. Инспектори локални кои што немаат лиценца не можат да постапуваат на суд. Ќе им паднат предметите. Значи локалните надлежности во овој момент се сериозен проблем кој што во многу блиска иднина треба сериозно да се решава, изјави Петровска.