Прилеп ги живее најтешките денови од почетокот на пандемијата, а со драматичното зголемување на бројот на заболени, се повеќе се зголемува потребата од хоспитализации. Во моментот има 128 пациенти, од кои 87 во тешка сосотојба и на кислордна поддршка. Денеска кога на располагање се уште 2 слободни места, во функција е ставена и Модуларната болница, со 35 болнички кревети и централен довод на кислород.
Општата болница во Прилеп функционира со 5 ковид центри-Инфективно, интерно, уво, нос и грло, гинеколошко и очно одделение, со вкупно 130 легла, од кои 50 со централен довод на кислород, а останататите се покриваат со боци. Капацитетот е максимално искористен и затоа ги забрзавме активностите за отворање на модуларната болница, изјави Кети Смилеска, директор на Оппшта болница-Прилеп.
Во изминатите две недели министерот Филипче во прилепската болницата испрати специјалист инфектолог од Инфективната клиника во Скопје, кој стручно и организациски му помогна на медицинскиот пероснал.
Во овие две недели мислам дека стекнаа огромно искуство за понатмошната работа што треба да ја обавуваат за да им биде полесно, но и да ги почитуваат протоколите што ги даде професорот Миленковиќ, рече Илија ЈОваноски, градоначалник на Прилеп.
Прилеп има највисок морталитет во цела држава, но министерот Филипче вели дека смртноста е насекаде голема, станува збор за силен бран и мутација на вирусот. Во Прилеп не биле констатирани некави пропусти претходно, а инфектологот бил испратен како искусен кадар.
Целта да дојде инфектолог да помогне на колегите е да се поддржат и разменат знаења. Станува збор за многу искусен професор од Клиниката за инфиктивни болести. Тоа не го правиме само за Прилеп туку на повеќе места во државата таму каде што има најголем притисок од пациентите на кои што им е потребен хоспиталн третман, вели министерот за здравство Венко Филипче.
Во прилепската болница има комплетна реорганизација на медицинскиот пероснал кој е целосно на располагање на пациентите во КОВИД одделенијата. Во една ваква драматична сосотојба, градоначалникот денеска уште еднаш ги повика сите здравствени работници во Прилеп, во наредните десетина дена, кога се очекува пикот, да им помогнат на колегите во прилепската болница.
Емилија Мисирлиевска