Македонија Топ вести

Отсуство на реакција на надлежните се градежните зафати во Капиштец 

Се претвора ли населбата Капиштец, според тоа како се гради во неа деновиве, во дива населба од типот на бразилските фавели? Дистописка слика, урбанистички хаос, кој овде ќе купува станови, се прашањата кои ги упатуваат граѓаните , во врска со изградбата на повеќе згради, во радиус од 200 метри, во населбата Капиштец

Градежна механизацијата, работници на терен… Скопската населба Капиштец е претворена во големо градилиште. Жителите кои утрово ги сретнавме не сакаа да зборуваат во камера, но велат градењето без ред им го отежнува животот и движењето, особено на улицата „Козара“, каде зградите се трупаат една до друга. Но, не само на оваа улица, на слична слика наидовме и во околината, каде се градат згради.

Ваквото градење е резултат на отсуството политичка волја за решавање на урбанистичките проблеми, вели поранешната претседателка на Советот на Центар. Според неа, слични слики во иднина ќе има и на други делови од градот, откако пред 3 месеци беше замрзнат мораториумот за градба во Општина Центар, од страна на Уставниот суд.

Сликата што се гледа на улица „ Козара“ е она што веројатно ќе му се случи на поголемиот дел од центарот на градот, после стапувањето на сила на одлуката за враќање на старите планови од 2012 година. Со анализата на тие планови се покажа дека се неприфатливи решенијата кои се видоа во тие планови, кои за жал во една процедура на одобрување на многу институции поминале без никакви забелешки, вели советничката Јана Белчева Андреевска.

Актуелните градби се во состав на ДУП-от „Водно- Капиштец Ј-07“, кој никогаш не бил под мораториум. Тој е донесен додека градоначалник на Центар бил Владимир Тодоровиќ. Планот е усвоен без мнозинство , како што бара законот, туку со еднаков број гласови, а Уставен го уважил. Но, ни денес за овој случај надлежните институции не покажуваат интерес, дополнува Белчева.

Градоначалникот на Центар признава дека допрва ќе бараат од Министерството за транспорт и врски да суспендира некои од урбанистичките планови.

Ние работиме на барање за суспензија од Министерството за транспорт и врски на делови од урбанистичките планови за кои сметаме дека го загрозуваат јавниот интерес и генерираат нарушувања, рече богдановиќ.

ДУП-от „ Водно- Капиштец“, е авторство на проектантската куќа „ Билд урбан“, на Бојан Муличкоски. Тој е син на архитектор Петар Муличкоски, кому претходната власт му ја „ преоблече во барок“, зградата на Владата.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: Имаме стабилно мнозинство

Дејан Дејан

Законот за сајбер безбедност наскоро низ владина процедура, во јуни во Собрание

Дејан Дејан

Билатералните прашања да останат билетерални, а не кочница на евроинтегративниот пат – порака на шефицата на австриската дипломатија од Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе