Вести Македонија Топ вести

20 илјади дози „Спутник В“, нова донација од Србија

20 илјади дози од вакцината „Спутник В“ денеска пристигнаа во државата, повторно од соседна Србија. Ова е дел од новата донација во чиј склоп Србија ќе испорача уште 20 илјади дози за ревакцинација на грашаните кои ќе ја примат оваа  вакцина. Според најавите, со оваа пратка на „Суптник“ ќе продолжи вакцинацијата на возрасното население но и вработените во критичната државна инфраструктура која беше најавена па откажана поради дилемите со „Астра Зенека“.

А вакцинацијата со „Спутник“ ќе се почне во понеделник во спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што се вршат последните подготовки и се поставува неопходната опрема. Вакцинацијата во овој центар ќе се врши на 48 пункта.

А според надлежните во текот на април и мај може да се оечкува познатичтелна количина на вакцини, директно од прозиводителите  и преку Ковакс системот. Премиерот Заев соопшти во план е и дополнително да се порачаат уште 500 илјади дози вакцини од „Синовак“ а планот е да се стигне до бројката од 2,6 милиони дози.

Тој додаде и дека пријавил електронски за вакцинација, како и целиот кабинет, и дека ќе се вакцинира кога ќе му биде даде термин без разлика за која вакцина станува збор.

А вакцинацијата на возрасниото население продолжува. И денеска на трите пункта во Скопје има голем интерес на граѓаните кои ги добија своите термини за вакцинација. Битно е да се напомене дека термините кои ги добија граѓаните од оваа група важат седум дена и доколку го испуштат сешак ќе може да се вакцинираат накнадно.

Ова е 92 годишниот Душко Талевски, кој денеска се вакцинираше во поликлиниката „Јане Сандански“. Вели дека не се двоумел дали да се вакцинира.

Во поликлиниката „Чаир“  го сретнавме Никола Николовски. Вели дошол да се вакцинира бидејќи е исправен чекор и единствена начин да се заштитит себе си и блиските

Според официјалните податоци на здравство, за вчера биле закажани 924 термини а биле реализирани 730, односно двестотитни пензионеи не се појавиле на закажаното вакцинирање.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Тошковски со отчет: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, сузбиени над 30 организирани криминални групи

Дејан Дејан

„Поетски портрет“ и „Поетско кафе“ со добитничката на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, Анеке Брасинга

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе