Спорт Фудбал

Германија е инспирација: Зошто да не направиме чудо?

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во во Дуизбург со почеток од 20:45 часот ќе ги одмери силите со Германија во рамки на 3.коло од квалификациите за Светското првенство во Катар 2022.

Фаворитската улога, нормално, е на страна на германската селекција, кој низ годините игра импресивно во квалификациите и ретко киксира против послабите репрезентации. Ова ќе биде прв историски натпревар на Македонија против четирикратниот светски првак.

Нашите момци ќе ја имаат инспирацијата на своја страна да ги тестираат квалитетите против една од најсилните селекции во светот. Германија ги почна квалификациите со две победи против Исланд и Романија, додека Македонија во минатото коло го прегази Лихтенштајн во Скопје со 5-0, а во првото коло бевме поразени во Букурешт со 3-2 од Романија.

„Добро знаеме со кој играме, јас кажав неколкупати дека е чест да се игра против ваков противник“, изјави македонскиот капитен Горан Пандев на вчерашната прес-конференција. „Знаеме ние со каков квалитет располага Германија и не треба поголем мотив за да се игра против Германија. Во минатото покажавме дека можеме да се носиме со големи селеклции, а мислам дека и Германија знае со каков квалитет раполагаме, знае дека не сме селекцијата од пред пет-шест години, мислам дека знаат дека имаме квалитет и очекувам претпазливо да влезат во мечот. Нормално, тие се фаворити, но ова е фудбал и зошто да не се случи чудо? Ќе ни треба и среќа на овој меч, секако, но ние утре нема што да загубиме, а јас сум убеден дека сите ние ќе дадеме повеќе од сто отсто. Мислам дека ќе биде одличен меч“, додаде нашиот најдобар фудбалер.

Селекторот Игор Ангеловски за овој натпревар смета и на Аријан Адеми и Дарко Велковски, кои дојдоа повредени. Адеми одигра дваесетина минути против Романија во второто полувреме, а постигна и гол, додека Велковски не беше во составот на двата натпревари.

Го нема напаѓачот Илија Несторовски, кој беше ослободен од репрезентативните обврски по испадот на дуелот со Лихтенштајн, кога постигна гол од пенал и ги постави конечните 5-0.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Чаби Алонсо на клупата на Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Оклахома израмни против Денвер, Индијана го прегази Кливленд (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Ракометарите во четврток ќе ги дознаат ривалите на Европското првенство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе