Ковид19 Македонија Топ вести

Филипче: Изостана поддршката на Пендаровски за процесот на набавка на вакцини

Министерот за здравство Венко Филипче е изненаден од изјавата на Претседателот Пендаровски дека сликите од Србија, каде минатиот викенд повеќе од 10 000 македонски граѓани се вакцинираа против Ковид -19 во ситуација кога во нашата држава се уште не е почнат процесот на имунизација, се срам за државата.

Во реакцијата до медиумите, министерот за здравство оценува дека вакцинирањето во Србија е одраз на солидарност во услови на криза.  Тој посочува и дека покрај македонските граѓани, во Србија се вакцинирале и граѓани од другите држави а ниту еден претседател не рекол дека тоа е срам за неговата земја.

Филипче го критикува претседателот на државата и дека не помогнал во процесот на набавка на вакцини.

“Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана” – вели во писмената изјава Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе