Вести Македонија Топ вести

Нема слободни болнички кревети во штипскиот и кочанскиот ковид центар

Нема слободни болнички кревети во штипскиот и кочанскиот ковид центар. Модуларната болница е преполна, а до вечер се очекува да се исполни и одделението за физикална медицина. Во овој кочанскиот ковид центар остануваат слободни девет кревети на интензивна нега.

Притисокот од пациенти се гледа и во прегледите во дневната амбуланта, каде што секој ден има и по 200 пациенти. Ангажирани се интернисти, анестезиолози, специјализанти, а третманот на пациентите се прави по телефон со штипските инфектолози.

Во штипскиот ковид центар кој е на четири одделенија веќе неколку дена капацитетот е исполнет до последниот болнички кревет. Загрижува што 80 отсто од пациентите се во тешка здравствена состојба и се на кислородна поддршка.

Деновиве се очекува да се отвори и модуларната болница во Штип.  Во изминатите 24 часа во двата ковид центри починаа тројца пациенти. Откако почнаа да се зголемуваат бројките на заразени, во изолација се 1.121 жител од Брегалничкиот регион.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

(Видео) Некои загубиле свест, некои пишувале проштални пораки – драма на лет во Јапонија, авион паднал 25.000 стапки за 10 минути

Дејан Дејан

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе