Вести Македонија Најважни

(видео) Во салата „Борис Трајковски“ почнаа подготовките за имунизација против ковид 19

Во тек се подготовките за имунаизацијата со кинеската вакцина, за која се уште нема конкретен датум за пристигнување.  Министерот за здравство Филипче рече дека според најавите од кинеската влада тие сега интензивно работат во делот на обезбедување на точниот датум на транспорт. Главен пункт за масовната имунизација ќе биде салата Борис Трајковски во Скопје, каде на 30 позиции вработени лекари и сестри од Здравствен дом ќе ги вакцинираат луѓето.

Од утре 20.000 македонските граѓани постари од 75 години ќе се вакцинираат како приоритетни. со вакцините на Астра Зенека, кои пристигнаа во неделата. Вакцините се дистрибуираат во сите градови, а во меѓувреме матичните лекари до 6 април  треба да ги пријават своите пациенти од над 75 години за вакцинација во системот на „Мој Термин“, и да ги известат за тоа.

Од наредната недела ќе се вакцинираат 4000 полицајци, војниците,  новинари , вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП, пожаникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините. Сите останати групи согласно степенот на ризик ќе бидат вакцинирани во следните фази, соопштија од министерството за здравство и аплираат за трпение и разбирање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе