Министерството за здравство информира дека нема починат пациент на 22-годишна возраст од Струга. Станува збор за ненамерна грешка во денешниот дневен извештај за состојбата со Ковид-19.
Во денешниот дневен извештај за коронавирусот во изминатото деноноќие има ненамерна грешка. Имено, во извештајот нема починат пациент на 22 годишна возраст од Струга, односно починатиот пациент од Струга има 72 години, се вели во соопштението на Министерството.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.