Македонија

Исклучени светилки за „Часот на планетата Земја“

Повеќе локации во Скопје и во Охрид вечерва во 20.30 часот потонаа во едночасовен мрак, како дел од акцијата „Час на планетата земја“ во која се вклучени 8.000 града во преку 180 држави ширум светот.

Меѓу локациите  кои ги изгаснаа светилките се претседателската вила „Водно“, Владата, Градскиот плоштад „Македонија“, сите објекти и мостови по кејот на реката Вардар, скопската тврдина Кале, Порта „Македонија“, парковите во скопските општини Аеродром и Карпош, додека во Охрид меѓу најатрактивните се Самоиловата тврдина, кејот „Македонија“ и црквите „Света Софија“, Плаошник и Канео.

И оваа година акцијата се одбележува виртуелно, со одржување на првата дигитална климатска конференција во земјава под мотото „Дали природата го возвраќа ударот?“.

„Часот на планетата Земја“ започна како симболичен настан во Сиднеј во 2007 година,  а сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата. Како што акцијата ќе патува низ часовните зони, милиони луѓе ширум светот виртуелно ќе се обединат во испраќање на порака за солидарност со проблемите со кои се соочува планетата Земја.

Македонија е дел од акцијата 12.ти пат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе