Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина Зафир Хаџиманов

/

Македонија

Сподели преку :

Актерот, композитор, пејач, Зафир Хаџиманов почина денеска на 77-годишна возраст како резултат на коронавирусот. Хаџиманов е едно од препознатливите лица на македонската и југословенската уметничка сцена со богатиот опус што го остави зад себе и беше најпознат македонски културен деец кој живееше и твореше во Белград и Србија.

Зафир Хаџиманов е роден во 1943 година во Кавадарци, Македонија. Средно училиште и музичко училиште завршил во Скопје, каде започнал да се занивама со музика и театар. Во 1967 година дипломира глума на Факултетот за драмски уметности во Белград. Паралелно со студиите, настапува како пејач на забавната музиката и ги сними своите први два плочи, на кои е автор и на текстовите.

Има снимено голем број албуми и има одиграна главни улоги во неколку музички настапи. Има публикувано шест книги поезија, две прозни книги и три музички книги за деца.

Jumbo 2