Вести Македонија

Помалку пријавени за вакцина отколку што има заразени во Македонија

На сајтот за пријавување интерес и преку матичните лекари досега се пријавиле 111. 347 граѓани за да изразат интерес за вакцинирање. Бројката на пријавени е помала од досегашната бројка на заразени граѓани со корона вирусот.

И после објавената информација за пристигнување на првата пратка од 24 илјади „Астра зенека“ бројот на зинтересирани не се покачува. Кога министерот Филипче преку ФБ статус објави за утрешното пристигнување на пратка вакцини имаше пријавено 111.285 граѓани кои пројавиле интерес за имунизација. Наредниот ден откако веќе се дозна колку вакцини за старт на поширок процес на вакцинација ќе стигнат, интерес пријавиле само 62-ца граѓани за 24 часа.

Досега заклучно со петок навечер во Македонија се регистрирани 124.910 заразени од корона вирусот што е за 13 илјади повеќе од пријавените. Разликата се продлабочува изминатите неколку денови бидејќи се пријавуваат по неколку десетици граѓани дневно, додека бројката на заразени расте секој ден по над илјада нови случаи.

За едно деноноќие пак бројот на кацинирани во државата се зголемил од 6.940 на 7.005 или за 65, бидејќи залихите на стигнатите Фајзер и Спутник V се при крај.

Интересот за вакцинација може да се изрази и преку сајтот https://vakcinacija.mk/, додека има можност и за пријава преку матичните лекари за постари од 65 години, како и пријава преку соодветни медицински комори, например на фармацевти или стоматолози.

Веб страницата со сатирично име vaksajns.mk (поради англискиот изговор на премиерот Заев) и натаму постои, но сега кога ќе се кликне на неа, се отвора сајтот на српската е-управа каде може да се пријави интерес за вакцинирање во Србија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оваа земја е домот на слободата, порача Трамп во говорот за одбележување на 250 годишнината од основањето на САД

Дејан Дејан

Спасувачките екипи во Венецуела сѐ уште ги пребаруваат урнатините и 10 денови по двата разорни земјотреси

Дејан Дејан

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе