Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Синовите на Сашо и Влатко Мијалков приведени зашто во група од неколкумина претепале момче во скопски кафе бар

/

Македонија

Сподели преку :

Во полициска станица во Скопје, приведени се неколку лица кои се осомничени за учество во тепачка и физички напад врз 19-годишно момче во кафе бар во Дебар маало.

Меѓу приведените се и синот на Сашо Мијалков (екс директор на УБК и осуден на 12 години затвор за нелегалното прислушување) како и синот на Влатко Мијалков (поранешен функционер во царината).

Полицијата ги сомничи  двајцата братучеди од семејството Мијалкови дека синоќа во кафе бар заедно го претепале тинејџерот кој нападот го пријавил денеска. Искази ќе бидат земени и од останатите кои се во станица за да се утврдат мотивите за нападот и за инцидентот.

Jumbo 2