Македонија Топ вести

Демократски сојуз бара пописот да се одложи поради „виша сила“

Пописот итно да се одложи до јуни или на неодредено време, предлага Демократскиот сојуз и бара подршка од сите политички партии. Влошената епидемилошка состојба, ширењето на вирусот, големиот број заразени, исполнети здраствени капацитети, немањето вакцини и опасноста од бојкот се дел од причините за одложување на најголемата статистичка операција.

Павле Трајанов предупредува дека доколку тоа не се стори пописот нема да биде успешен а резултатите ќе дадат искривена слика на состојбите, посебно на оние за вкупниот број на населението и нивната етничка припадност.

Итно одложување на пописот бара и ВМРО-ДПМНЕ. Дел од раководството на партијата јавно проговорија дека нема да им отворат врата на попишувачите.

Власта не попушта. Убедени се дека пописот може да се спроведе без проблеми само доколку се почитуваат безбедносните протоколи. И покрај тоа што дел од попишувачите и инструкторите се заразени, стартот на статистичката операција ќе биде на 1 април, велат од СДСМ.

Пописот ќе биде и една од темите на тет-а-тет средбата што во понеделник треба се случи меѓу Заев и Мицкоски. За пописот телефонски разговарале и лидерот на опозицијата Мицкоски со заменик државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер. Амбасадата на САД во Скопје соопшти дека од Мицкоски било побарано да биде конструктивна опозиција и да има комуникација со останатите во општеството во врска со претстојниот попис и отворениот спор со Бугарија.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе