Македонија Топ вести

Суецкиот Канал и понатаму блокиран

Товарниот брод „Евер гивен“ (Ever Given) петти ден по ред го блокира Суецкиот Канал, а египетските власти планираат нови акции за деблокирање.

Бродот се уште е во иста позиција. За денеска се планирани најмалку два обида за ослободување на насуканиот брод, но кога ќе се намали плимата. Исто така предвидено е и испумпување на вода од внатрешноста на бродот.

На медиумите им е забранет пристап до местото на насукување.

Бродот „Евер гивен“ долг 400 метри и тежок повеќе од 219.000 тони, пловел под знамето на Панама кон Ротердам, а во сопственост на јапонска компанија. Бродот се насука во вторникот под налет на ветар додека минувал низ јужниот влез на Суецки Канал.

Повеќе од 150 бродови не можат да продолжат да пловат низ каналот, што создава огромни загуби.

Суецки Канал, кој ја дели континентална Африка од Синајски Полуостров е долг околу 193 километри и ги поврзува Средоземното Море и Црвеното Море. Вештачкиот канал е најкратката врска помеѓу Азија и Европа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе