Нивоата на македонските езера се намалуваат од минатата есен, затоа е и побарано најголемите хидроцентрали да запрат со користење на водата, со цел да се најдат причините за пресушување на езерата, а најдраматично е сепак нивото на Преспанското езеро.
Се прави и долгорочен план, на волонтерската база ангажирани се и над 20 експерти, а за решавање на овој проблем Министерот за животна средина, Нуредини побарал и повеќе пари за Управата за хидрометеролошки работи, за справување со овие проблеми. Смета дека соработката со соседните земји е клучна за спас на Преспанското езеро.
Треба да ги знаеме нивоата на нашите води, на езерата, и важно е министетрствата за животна средина и за земјоделство и УХМР да имаат централен систем за собирање на податоците за да може да се преземат акции пред да се случат вакви ситуации, вели Нуредини.
Битката на невладините и на граѓаните за изградбата на мини хидроцентрали на Мала Река и Штакловица во Кочани и Пробиштип продолжува. Тој побара уште еднаш да го известат министерството за нивните ставови.
Ние како Влада треба да ги почитуваме договорите, кои се потпишани во минатото. Градоначалникот треба да седне заедно со граѓаните и да ги разгледа, уште еднаш овие прашања и да ни пратат ново мислење, доколку има поинакво мислење, тогаш ќе седнеме и ние ќе го смениме и нашето решение, вели Нуредини.
Што се однесува за кочанската фабрика за хартија Пејпер Мил, која од средината на јануари не работи, поради аерозагадувањето, Нуредини е дециден дека ќе стартува со производство, откако ќе ги исполне обврските кои им се дадени од инспекторатот и министерството.
Викторија Јованова