Вести Македонија Најважни

Болниците преполни, се бара кревет повеќе во ковид центрите

Министерството за здравство тврди има празни болнички кревети за тешки ковид пациенти, ковид центрите негираат – велат преполни се – мора да ослободуваат нови оддели и да регрутираат кадар за напливот од пациенти на кои им е неопходен кислород.

Состојбата со новиот бран на кронавирусот е алармантна како во Скопје  така и во другите градови низ земјава. Градската болница „8 септември“ е преполна. Таму и одделот ОРЛ се спрема за прием на болни со ковид.

Директорот Костов за Телма вели капацитетите се полни, кадарот уморен, но се праваат никого да не вратат бидејќи кај нив се сместуваат најтешките болни кои доаѓаат и од другите градови.

Сите пациенти се на кислород вели Костов, 90 се критични.

Дека состојбата е многу лоша на терен сведочат и од Брзата помош. Имаат 4 телефони и два диспечери, а лините се пребукирани. Мораат да селектираат на кого им е најитно потребна брзата помош, а пред клиниките се случува нивните возила да чекаат додека се најде слободен кревет.

Алармантна е состојбата и во приватните болници. Велат иако ги зголемиле капацитетите за прием на ковид пациенти, сепак нема слободни кревети. Има листа на чекање за прием на нови пациенти. Граѓаните пак во паника бараат помош за нивните најблиски. Во Ковид 19 групата на социјалните мрежи последниве денови сведочат дека тешко доаѓаат до  брза помош и до болнички кревет.

Од Министерството за здравство за Телма не откриваат точно колку слободни кревети има и во кои од ковид болниците. Официјално соопштија дека  празни се 250 кревети а исполнети се .537 низ ковид центрите низ болниците во земјава.

Тврдат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И дека имаат  увид во состојбата со капацитети, а ако има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе