Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полициска акција во Грчец и Гази Баба- приведено 21 лице

/

Македонија

Сподели преку :

Во тек е полициска акција во Грчец и Гази Баба, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Неофицијално, извори од истрагата велат дека станува збор за апсење на организирана криминална група за трговија со дрога во Грчец, Гази баба, Чаир и Синѓелиќ. Приведени 21 лице, пронајдена и запленета дрога, пари, автомобили, мобилни телефони.

Приведените се во полициска станица и после ќе бидат предадени на обвинител и изнесени пред суд, дознава Телма од извори од истрагата.

Акцијата ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Скопје во координација со МВР.

Од МВР највуваат повеќе детали откако ќе заврши акцијата.

Jumbo 2