Ковид19 Македонија Најважни

Две девојки на возраст од 23 и 24 години меѓу жртвите од Ковид -19

Две млади девојки, на возраст од 23 години, се дел од 17-те жртви на Ковид -19, кои се наведени во денешниот дневен извештај за состојбата со пандемијата во нашата држава.

Според лекарските информации, една од девојките била од Скопје, додека другата била жителка на Кичево. Во однос на коморбидитетите, кои често се наведуваат како опасност за смрт на пациентите, една од младите жртви имала епилепсија , додека втората девојка немала пријавено претходни заболувања кои би го засилиле ризикот од најлошиот исход од болеста.

Ова е уште едно предупредување за македонските граѓани дека иако најранливи на Ковид-19 се повозрасните граѓани, никој не е имун на опасниот вирус.

Најмногу од починатите се од Скопје – 8, од Прилеп има 2 жртви, додека по едно починато лице има и во Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница.

Денешниот извештај содржи и загрижувачки податок за нови 1347 заразени со корона вирусот од направените 4096 тестирања. Секој трет направен тест бил позитивен на Ковид -19.

Најмногу нови случаи има во Скопје – 643; додека меѓу останати градови со повеќе заразени се издвојуваат Куманово со 90 случаи ; Прилеп 85 ; Велес -61; Охрид 56 ; Битола 50.

Исклучително висок е и бројот на активни случаи- 16 030.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1427 што е рекорден број до сега од почетокот на пандемијата во Македонија.

Според министерството има околу 270 празни болнички кревети во ковид центрите но нема информација во кои и каде, со оглед на тоа што во многу од нив веќе се исполнети капацитетите до последно. Во ГОБ „8 -ми септември“ се отвора уште едно крило од 20 кревети, а на клиниката за кардиологија нови 50.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: Без здравствена заштита се 20.000 деца во Македонија

Дејан Дејан

Министерството за здравство, сепак, останува во „Вреди“?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе