Македонија

Приведен лекар од гостиварската болница – давал лажни негативни ПЦР тестови

45-годишен лекар од гостиварската Општа болница се сомничи дека изготвувал и на поединци им издавал негативни ПЦР тестови за Ковид 19, а за возврат од нив добивал извесна сума парични средства. Тестовите ги изготвил на почетокот на овој месец за две лица, на кои им биле потребни за патување надвор од земјава.

Од СВР Тетово информираат дека лекарот вчера бил лишен од слобода, а до Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесена е кривична пријава против него, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.

45-годишникот кој по приведувањето е задржан во Полициската станица Гостивар, со кривичната пријава денеска ќе биде однесен пред Јавен обвинител.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го блокира Изборниот законик затоа што нема поддршка од дијаспората

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски продолжува да зборува, а граѓаните да плаќаат

Дејан Дејан

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе