Вести Македонија Топ вести

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го условува обезбедувањето кворум за утрешната седница

Утре Собранието нема да ја продолжи кризната состојба на јужната граница. Иако мигрантската криза и натаму е неизвесна, донесувањето на овој закон е оневозможено со 500 амандмани поднесени од Алијанса-Алтернатива. На дневен ред требаше да биде и петтиот пакет економски мерки. ВМРО ДПМНЕ прифаќа да гласа за нив, но не и за другите 30-тина точки од дневниот ред.  Поради ваквото условување, спикерот Талат Џафери ја одложува утрешната седница на неодредено време, се додека мнозинството самостојно не обезбеди кворум.

ВМРО ДПМНЕ тврди дека одбивањето на нивниот предлог покажува кој всушност го блокира Собранието.

За власта, однесувањето на ВМРО ДПМНЕ е безобразна злоупотреба на отсуството на пратеници од мнозинството заради пандемијата. Се сомнева во договор меѓу опозициските партии.

За Алијанса-Алтернатива, најважно е да се постигне договор околу законот за државјанство. Со илјадници амандмани ќе ги блокираат сите закони.

Редовната понеделничка координација траела само 10-тина минути и била прекината во неможност да се постигне договор за новата седница. На гласање чекаат и околу 150 издебатирани закони. До крајот на неделата се очекува уште еден обид за обезбедување кворум и за закажување седница, доколку дојде на работа еден од двајцата пратеници кои во моментот се во изолација.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе