По освојувањето на првото место на квалификацискиот турнир во Скопје, македонската женска ракометна репрезентација попладнево ќе го добие противникот во баражот за пласман на Светското првенство кое кон крајот на годинава ќе се одржи во Шпанија.
Нашата селекција се наоѓа во вториот сад, а според квалитетот на репрезентациите кои се сместени меѓу носителите избраничките на селекторот Симе Симовски како најпосакувани противници би ги посочиле Полска и Чешка.
САД 1: Русија, Шведска, Унгарија, Србија, Црна Гора, Германија, Романија, Полска, Чешка, Словенија
САД 2: МАКЕДОНИЈА, Украина, Турција, Португалија, Словачка, Исланд, Австрија, Италија, Белорусија, Швајцарија
Директен пласман на Мундијалот обезбедија домаќинот Шпанија, бранителот на титулата Холандија, како и четирите најдобри селекции од последното Европско првенство: Данска, Хрватска, Норвешка и Франција.
Жрепката ќе се одржи во 15 часот во Виена.
ФОТО: Игор Паневски