Спорт Фудбал

Адеми ги пропушта првите два натпревари со Романија и Лихтенштајн

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски се соочи со нов проблем околу составувањето на тимот за стартот на квалификациите за Светското првенство.

Поради повреда тој нема да може да смета на Аријан Адеми кој сигурно нема да биде во комбинација за првите два натпревари со Романија и Лихтенштајн, а медицинскиот тим ќе се обиде да ја санира повредата и тој да биде дел од дуелот со Германија.

Адеми се повреди на мечот од Лига Европа против Тотенхем во кој Динамо Загреб успеа да забележи историска победа и да се пласира во четврт-финалето.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе