Вести Македонија Најважни

Продолжува мерката за полициски час, активни 15 131 случаи на Ковид-19

Полицискиот час од 22 до 5 часот, кој истекуваше денеска, ќе продолжи да важи, информираа од Министерството за здравство. Комисијата за заразни болести следните денови, согласно епидемиолошките анализи ќе утврди дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки.

Со Одлука на Владата, полицискиот час беше воведен на 10 март, а целта беше да се ограничи движењето и комуникацијата на младите кои интензивно комуницираат во паркови, јавни површини, и по домови после затворањето на угостителските објекти, зашто беше констатирано дека тие се едни од главните преносители на вирусот.

Комисијата за заразни болести и министерот Филипче очекуваат на почетокот од неделава резултати од полицискиот час воведен пред 12 дена, од кои ќе зависи новата проценка за воведување рестриктивни мерки, а кои би значеле евентуално  зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување на работата на угостителските објекти.

Во меѓувреме, во вчерашниот Ковид – билтен, по направени 2.730 тестирања,  регистрирани се 642 нови случаи на КОВИД-19, починале 25 лица, а оздравени се 524 пациенти, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Од новодијагностицираните најголем број се во Скопје 321, а со двоцифрена бројка се и Прилеп и Велес – по 40, Куманово – 27, Гостивар – 23, Кавадарци – 22 и Охрид – 20.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжува потрагата по преживеани од земјотресите во Венецуела

Igor Trajkov

Притвореници спијат на душеци на земја, затвор без вода за пиење, бегства во болницата во Демир Хисар поради недостиг на кадар – извештај на НПМ

Sasko Dimovski

Нов закон за органодарителство – одлуката ќе ја носи самиот граѓанин

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе