„Нов стандард на македонскста политичка сцена, СДСМ испишува историја“, рече Заев.
„Вистинските државотворни партии ја имаат одговорноста да ја унапредуваат демократијата во своите редови но и во татаковината“, истакна Заев.
„Ја добивме довербата од граѓаните на последните парламентарни избори, доверба искажаа и пратениците во највисокиот законодавен дом собранието, денеска социјал-демократите ставија печат во довербата во мене“, рече Заев.
„Ми укажавте голема чест по трет пат да ја водам партијата. Ова е голема одговорност за мене“, рече Заев.
Тој рече дека во следните четири години СДСМ да биде локомотива која ќе го движи нашето општество напред.
На денешните први внатрепартиски избори со 59.240 гласа „за“, 865 „против“ и 277 неважечки ливчиња, Зоран Заев е реизбран за претседател на СДСМ.
„На сите 237 избирачки мести во сите општини се спроведоа целосно безбедни избори со строго почитување на здравствените протоколи, со излезност од 90%“, информираше Викторија Мадиќ, член на партиската Централната Изборна Комисија.
На 237 изборачки места од вкупно запишаните 68 991 активни членови гласале 90 отсто, а првичните резултати се за пребрени 227 избирачки места.