Македонската пролет почнува од Штип, со протестот „Собирот за слобода“ пред штипскиот затвор.
Организатори на денешниот протест се Патриотскиот Институт на ВМРО ДПМНЕ „Гоце Делчев“ и Унијата на млади сили.
Побараа слобода за осудените од 27 ми април, а актуелната власт ја оценија како најцрниот период во независна Македонија.
За упадот во македонското собрание првично им се судеше на 33 обвинети, 15 од нив беа амнестирани.
Пред еден месец Апелацискиот суд на осудените лица им ги намали казните во просек од една до две години.
https://youtu.be/pBEp10z3GyM