Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Симовски со измена на голманската позиција

/

Ракомет

Сподели преку :

Македонската женска ракометна репрезентација попладнево од 17 часот против Грција ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за влез во баражот за пласман на Светското првенство.

Нашата селекција по двете победи над Исланд и Литванија веќе го обезбеди настапот во следната фаза, а во пресрет на денешниот натпревар селекторот Симе Симовски се реши да направи една измена во составот.

Наместо првиот голмански избор Матеја Серафимова во тимот што ќе се спротивстави на Грција е Драгана Петковска, а во составот се враќа и Милица Николиќ која ќе го заземе местото на Ивана Гакидова.

Натпреварот почнува во 17 часот и ќе се игра во А1 арената Борис Трајковски.

ФОТО: Игор Паневски