Во штипскиот Ковид центар почнува да се зголемува бројот на пациенти од истокот, кои бараат болнички третман. 55 пациенти се лекуваат во овој центар, од кои 51 се на инфективно, а четворица се во тешка состојба и се на одделот за Анестезиологија.
Британскиот сој во Брегалничкиот регион веќе ги полни и дневните амбуланти, само во Кочанската болница деновиве имаат од 100 до 200 прегледи дневно, оваа болница денеска доби дополнителни 30 кревети со отворањето на модуларната болница.
Пациенти во неа ќе се примаат од понеделник, а најголем проблем за раководството е што немаат инфектолог, па затоа се постојано на линија со штипските инфектолози
На Официјалниот старт на првата мнодуларна болница на истокот беше и Министерот за здравство, Венко Филипче, но на самиот влез членови на Општинскиот огранок на ВМРО ДПМНЕ му приредија герила акција , на излегувањето го пресретна и првиот човек на огранокот Мирче Стојков, кој го прашуваше Филипче за недостатокот на лекари специјалисти во Кочани и зошто се задоцни со модуларната болница.
Во функција наскоро се очекува да се стави и модуларната болница во Штип, каде во моментов се поставува централниот довод за кислород, со што во овој Ковид центар ќе има над 140 болнички кревети за ковид пациенти.
Викторија Димитрова Јованова