Ковид19 Топ вести

Филипче: Бројките не се манипулираат по дневни потреби, тие се реалност

Вчерашните 999 новозаразени беа помалку за еден од 1000 како што претходно во денот најави министерот за здравство Венко Филипче дека бројот нема да биде четирицифрен. За разлика од вчера кога беше пооптимистички расположен, денеска вели дека сепак се наоѓаме во јак бран на заразата. Тврди дека не се подесуваат дневните статистики по потреба туку дека се реални, и покрај тоа што во минатиот месец се појавија статистики на починати кои биле уште во лани.

И за вакцините нема конкретни информации. Нема датум кога ќе пристигнат следните дози вакцини со кои населението масовно би се имунизирало. Крај на март или први недели на април.

Не се знае дали први ќе пристигнат на Астра зенека или пак кинеските, но и ако е на Астра Зенека Филипче повтори дека е безбедна.

Инаку се зголемува бројот и на хоспитализации па во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 84 нови пациенти а вкупно 543 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

746 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот пак се на ниво на цела земја. Нив ги лекуваат здравствените работници од кои веке 4000 илјади веке целосно се вакцинирани, а со уште 3 000 дози на руската спутник В се очекува додатно да се вакцинираат уште лекари и медицински персонал.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе