Ракомет Спорт

Симовски со две измени против Литванија

По вчерашниот триумф во дуелот против Исланд, македонската женска ракометна репрезентација со победа во денешното соочување против Литванија на едно коло пред крајот на турнирот во Скопје ќе обезбеди пласман во баражот за Светското првенство.

Во пресрет на денешниот натпревар селекторот Симе Симовски се реши да направи две измени во составот. Шанса да бидат дел од националниот тим ќе добијат Андреа Седлоска и Ангела Јанкуловска кои ќе ги заземат местата на Милица Николиќ и Марија Тасевска.

Натпреварот со Литванија се игра во А арената Борис Трајковски и почнува во 17 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе