Македонија Топ вести

Германски пратеник поднесе оставка по информација на Шпигел дека добивал пари за да ја советува партијата на Груевски

Уште еден пратеник од конзервативниот блок на германската канцеларка Ангела Меркел поднесе оставка по информација во списанието „Шпигел“ дека  зел пари во замена за лобирање за политичка партија од Република Северна Македонија.

Според изданието, Тобиас Цех, од Христијанско-социјалната унија во Бундестагот, добил во 2016 година петцифрена сума пари за да ја советува партијата на поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски.

Понатаму се наведува дека Цех, исто така, лично водел кампања за Груевски, кој подоцна беше осуден за корупција и побегна во Унгарија.

Блокот Меркел веќе изгуби тројца пратеници поради скандалите околу договорите за набавка на заштитни маски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Три автобуси и едно комбе рано утринава беа во пламен на плац на транспортна фирма во кочанската населба Оризари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе