Македонија Топ вести

Eпидемиологот Олумчев: Ако треба на колена ќе ги замолам младите да ги почитуваат мерките

Речиси да нема семејство во Гевгелија кое не изгубило свој близок како последица на ковид-19, вели епидемиологот Сашо Олумчев. Тој предупредува дека новите соеви на вирусот се опасни, а не е исклучена можноста од реинфицирање. Во градот веќе има неколку случаи кои по вторпат се борат со вирусот.

Ако треба на колена ќе ги замолам младите да ги почитуваат мерките. Вака им се обрати епидемиологот Сашо Олумчев на своите сограѓани, по последните објавени бројки на новоинфицирани со ковид-19. Доктор Олумчев вели дека вирусот е се поопасен а има случаи и на реинфицирани.

Капацитетите на гевгелиската болница се преполни, се бара кревет повеќе. Клиничката слика станува сериозна и на младите, не страдаат повеќе само повозрасните граѓани, потенцира Олумчев.

Во моментов во Гевгелија има 300 активни случаи на ковид-19.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 23 илјади денари за храна и пијалоци му биле потребни на едно семејство во јуни

Дејан Дејан

Вештачката интелигенција нè затупува – студија на Технолошкиот институт во Масачусетс

Дејан Дејан

Врховен да пресуди кој ќе го оценува обвинението за пожарот во дискотеката Пулс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе