Вести Македонија Топ вести

30 дена притвор за мајката чие дете загина во пожарот во Гостивар

Мерка притвор во траење од триесет дена определи судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар на мајката чие дете настрада во пожар во стан во Гостивар. Таа вчера беше лишена од слобода под сомнение дека го врзала седумгодишниот син со синџир за нозете, што го отежнало неговото спасување од огнената стихија. Од судот потврдија дека решението за притвор е изготвено и жената е испратена во КПУ Скопје.

Претходно, Основното јавно обвинителство Гостивар издаде наредба за спроведување истражна постапка против С. Т. (36) од Ресен и живеалиште во Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело – Повреда на семејни обврски (член 203 став 2 од Кривичниот законик)

Осомничената жена, наведуваат од ОЈО, го малтретирала своето дете на возраст од седум години, кое го врзувала со ланец и катанец за креветот. На 16 март, во станот во кој престојувало семејството избувнал пожар и затоа што било врзано за креветот детето не успеало да го напушти домот и го загубило животот.  За кривичното дело за кое е осомничена жената е предвидена казна затвор од најмалку пет години.

Во меѓувреме, сè уште се работи на утврдување на причините за пожарот. Останатите малолетни деца на осомничената се згрижени преку Центарот за социјална работа во Гостивар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе