Вести Македонија

Муслиу: Ковид дипломатија со вакцини врши притисок врз владите во регионот

Преку лажни вести и пропаганда, а користејќи ја состојбата со вакцините и со короната, има притисок и врз владите во регионот, смета директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу. Не ја спомна директно Македонија, а употреби и нов поим.

Муслиу беше единствен директор од безбедносните служби кој дојде на дебатата на Евротинк за реформите на разузнавачкиот сектор. Од Агенцијата за национлана безбедност, деновиве актуелна после приведувањето за бегство во подготовка на Орце Камчев, не дојде ниту директор ниту претставник. Опозициониот пратеник кој е претседател на собраниската надзорна комисија го искористи присуството на Муслиу за да му каже дека опозицијата била „исфрлена“ од јануарската дебата за процесот за гласање на новиот закон за агенцијата. Се разви дебата на висок тон.

Собирот беше да се претстави трудот на 4-годишно истражување на Евротинк за разузнавачките реформи. Спроведени се, но една од забелешките е дека мора да се обезбеди поефикасен надзор за да не забегаат службите како УБК во минатата деценија, кога се користеше за лични и партиски цели.

Се предлага и промена на законите за да се овозможи законско следење на новите комуникациски технологии како например мрежата Телеграм, за да се спречат и тешки кривични и терористички дела, но и злоупотреби со кршење на прва како што беше случајот Јавна соба. Но и тоа следење да биде под ефикасен надзор.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

До 10 милиони евра загуба од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе