Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на својот ФБ профил објави дека е позитивен на коронавирусот, но дека е добро.
-Сакани пријатели. Денеска го направив ПЦР тестот за Ковид-19 и треба да го споделам резултато со вас. Позитивен е. Клинички сум добро, без никакви грижи. Но, здравствените протоколи треба да се почитуваат, затоа треба да се самоизолирам за неколку денови. Почитувајте ги мерките, чувајте се себе и другите, напиша Села, на својот Фејсбук профил.













