Романската фудбалска федерација соопшти дека предводникот на националниот тим Мирел Радои имал позитивен резултат на тестот на коронавирусот и најверојатно нема да седи на клупата на претстојните квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство, а првиот меч Романците го играат против Македонија на 25 март во Букурешт.
“Во моментов немам симптоми и се надевам дека можеби станува збор за грешка”, изјави Радои кој утре на прес конференција требаше да го соопшти списокот на играчи за првите натпревари од квалификациите, но поради позитивниот резултат на тестот таа е одложена.
Од федерацијата најавија дека во следните денови селекторот Радои ќе направи дополнителни тестови.