Култура

Почина познатиот тапанар Драгољуб Ѓуричиќ

Како последица од корона вирус , на 68 годишна возраст, во Белград почина тапанарот Драгољуб Ѓуричиќ.

Роден во Цетиње- Црна Гора, Ѓуричиќ изгради репрезентативна кариера на музичар на ударни инструменти, кој настапуваше ширум поранешните југословенски простори и пошироко. За Македонија го врзува учеството во групата „Леб и сол“.

Драгољуб Ѓуричиќ беше член и на српската рок груп „ Кербер“,  а настапуваше и со Ѓорѓе Балашевиќ, Здравко Чолиќ, но и со други изведувачи од регионот.

Во последниве години  Ѓуричиќ настапуваше со неговиот бенд „ Балканска лавина“, составен само од музичари на ударни инструменти.

Нивните енергични настапи насекаде беа третирани како спектакуларни.Ќе остане запаметен како неповторлива, харизматична личност на музичката сцена.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе