Култура

Нов гаф на евровизискиот преставник на Македонија Васил Гарваналиев

По гафот со евровизискиот спот кој е повлечен затоа што на снимката направена во Националната галерија една поставка личи на бугарско знаеме нов гаф на евровизискиот преставник на Македонија Васил Гарваналиев.

Социјалните мрежи извадија негово интервју во кое тој е преставен под бугарско знаме а и самиот кажува дека е има и  бугарски пасош.

Од МРТВ нема објаснување за ваквите наводи на Гарваналиев иако неофицијално ова видео е од пред една година кога исто така Гарваналиев беше макеоднски преставник на Евровизија.

Мери Попова која  со години наназад е шеф на макеоднската делегација на Евровизија при МРТВ, за Телма вели  дека за изјавата околу пасошите треба да го прашаме самиот Гарваналиев и дека е тој преставник на Макеоднија како државјанин на Макеоднија.

Но, Васил денеска не одговори на нашите повици. На прашањето дали како делегација, го избирале за преставник и годинава имале предвид дека има и бугарско државјанство, а  јавноста е сензибилна во однос на политичките односи со Бугарија Попова ни  изјави дека  не размислувале за тоа.

На прашањето дали Васил Гарваналиев ќе биде повлечен од макеоднски преставник на Евровизија со оглед на негативниот ПР таа не упати на менаџментот на МРТВ. Иако побаравме став од директоерот до сега не добивме одговор.

Самиот Гарваналиев пред неколку дена објави Фејзбук статус во кој рече дека му е жал поради погрешната интерпретација на делото на Жанета Вангели.  Напиша ,„За  да нема  дополнителни негативни импликации и погрешен приказ на ова уметничкото  дело, одлучивме  да ги отстраниме  кадрите кои се однесуваат на него. Јас повеќе од 20 години пеам и ја претставувам Македонија и македонското знаме , така и ќе остане“, рече Гарваналиев во свиојот статус а денеска не одговори на нашите телефонски повици.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе