Пациентите со хроничната бубрежна болест, како и оние со трансплантација на бубрег имаат зголемен ризик за тешка форма на ковид-19 лош исход, поради што е неопходно да бидат ставени во приоритетна група за вакцинација, како и строго да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од вирусот, бара директорката на Нефрологија д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ . Од досегашната пракса најчести придружни хронични болести кај пациентите со ковид-19 се дијабетес, хронична опструктивна белодробна болест, артериска хипертензија, срцеви аритмии, хронична бубрежна болест, малигни заболувања, исхемична срцева болест и прекумерна дебелина.
Податоците покажуваат дека 20% од хоспитализираните пациенти и повеќе од 50% од пациентите хоспитализирани во единиците на интензивна нега развиле акутно бубрежно оштетување, што се сметаат за висока бројки.
Во нашата држава од вкупно 1.608 пациенти на дијализа, со ковид-19 се инфицирале 288 (14,1%), а починале 49 пациенти, односно 17% од заразените. Од 228 трансплантирани пациенти со вирусот се инфицирале 17 (7,4 %), а починале двајца.
