Опуштено со стриптизети на подиум или забава со голем број на гости во објектот и никакво пиочитување нма протоколите за работа. Пазарниот инспекторат во вчерашната инспекција затвори шест објекти во Скопје и еден во Тетово каде што сопствениците а и гостите се однесуваа како да нема епидемија на коронавирус во државата. Станува збор за локалите „Интермецо“ и „Три“ во центарот на Скопје, игротека, кафеана како и стриптиз клуб во трговскиот центар „Мавровка“ кој работел на диво.
Иако за некои објекти ова не е прв пат да бидат затворени поради непочитување на протоколите за работа, казните остануваат исти.
А протоколите за работа на угостителските објекти се јасни и децидни – забрането е да се прават забави, да има жива музика и да се пушта гласна музика. Забрането е стоење на шанк и на високи маси а на маса може да седат до 4 лица амасите мора да се одалечени најмалку 1,5 метар.
Бројките во последните неколку дена се немилосрдни. Откако вчера за прв пат по речиси три месеци имавме над илјада новозаболени во само едно деноноќие а денеска и бројката на хоспитализирани ја проби таа граница. За да се замортизира бранот пациенти од денеска во функција се ставаат ковид центрите на четири клиники во скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.
Огнен Чанчаревиќ