Путер со изминат рок за старт на Акцискиот план за борба против криминалот и корупцијата? По објавата на својот фејзбук профил Вицепремиерот Љупчо Николовски наиде на низа реакции од јавноста кои му порачаа да ги остави институциите да се занимаваат со ова а тој да биде поажурен во борбата против организираниот криминалот.
Се пофали на Фејсбук за голема акција за запленети 4,5 тони путер со изминат рок и наиде на лавина критики. Граѓаните му порачаа дека ваквата информација не е за фалење на официјалната страница и дека не му доликува на Вицепремиер за борба против корупција да пишува за ова.Некои го оценија како почеток на големиот акциски план за борба против криминалот.
Реакции на Фејсбук: ,,А бе перцепција ли ми е или стварно денеска во Македонија заплениле 4,5 тони путер со поминат рок?,, ,,Тој криминал ни ФБИ не може да го спречи!,, ,, Првпат да се заплени путер откако сме членка на НАТО. Која сака нека честита!,,
По ова селедеше и бришење на илјадници коментари.
Реакции Фејсбук: ,, Избршани 1000 негативни коментари , борбата со корупцијата кулминира, браво!,,
И додека Вицепремиерот Николовски тврди дека се запленети 4, 5 тони путер, од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека се работи за пакување од 25 килограми во блокови и 5 килограми во канти. Познавачите на состојбите велат дека политичарите кои се на високи позиции мора да внимаваат што пишуваат и што објавуваат.
Реагираа и партиите. ВМРО ДПМНЕ бара СДСМ да не си игра држава.
И СДСМ признава дека веста била пречекана со доза хумор но добро било путерот не завршил на трпезите.
Заплената на потенцијално штетна храна, предизвика внимание на јавноста најмногу преку хумор. Тоа го разбираме. Сепак, ако таа храна чијшто рок изминал навистина се најде на трпеза, голем број граѓани би биле изложени на труење кое може да има сериозни последици по здравјето, што секако е сериозно.
Заплениот путер бил со еден месец поминат рок на употреба. Произведен е во Германија а увозник и дистрибутер е фирмата Евро Млекара ДООЛ Скопје.
Јулијана Пешевска