Македонија Топ вести

Дерматолозите бараат властите да најдат начин да се спречи надрилекарството

Наместо убави, со нежна бебешка кожа, без брчки, бемки и брдавици се повеќе девојки и жени по третманите кај надрилекари, билкари и во одредени козметички салони, завршуваат со лузни, наградување на лицето, па помош бараат од специјалисти дерматолози.

Балканот беше запрепастен по случајот во соседна Србија. Жена по третман коe го извршил немедицинско лице е со тешки изгореници и трајни белези по лицето. Македонските дерматолози и по естетска медицина  алармираат дека и кај нив веќе неколку години  во нивните ординации доаѓаат пациентки, кои бараат спас  по  нестручните третмани.

Социјалните мрежи се преплавени од прималиви реклами, се нудат  и евтини услуги, а ги вршат немедицински лица. Девојки и жени следејќи ги светските трендови завршуваат во ваквите салони. Дерматолозите алармираат дека последиците од нестручните третмани се големи, освен без убавина може да ве остави и без здравје.

Законот предвидел вршењето на медицинската козметологија кај  правните лица го обезбедуваат исклучиво  со вработен специјалист по дерматовенерологија. За медицинските  ординации надлежно е министерството за здравство, додека за козметичките салони Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Директотрката на овој инспекторат Ирина Бухова за Телма вели дека од август 2017, па до денес до нив не е пристигната ниту една претставка за  забелешки на одредени третмани, ниту пак тие констатирале неправилности. Но лекарите велат дека токму недоволната информираност и стравот да се пријави за последиците се причина за ваквата состојба.

Лекарите дерематолози и по естетска медицина одлучија битката со нелојалната конкуренција да ја бијат преку новоформирано Здружение по естетска медицина, сега им следи период на правење на регистер, но и кампања понежниот пол да е информиран за последиците по нестручни третмани на нивната кожа.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ откри сомнителни тендери вредни над 100 милиони евра поврзани со владејачката партија, откри Филипче во Вин Вин

Дејан Дејан

Филипче во Вин Вин за контроверзите за „Златната виза“ во Дубаи: Тоа е една вулгарна верзија на тоа што сака ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Протест пред Финасии – Вработените од Детската клиника кои останаа без ангажман бараат работа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе