Драмата со СМС закани во генералштабот од типот „Долга е раката на ВМРО“ заврши со казна за заканувачот. Полковникот Драган Ковачки кој како активен офицер е и активен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде казнет со по 30 проценти од плата во наредните месеци. Предлогот на дисциплинската комисија бил губење на чинот по што следи и отказ од армијата, но Чекеринска не го потпишала тоа решение, па се е префрлено на пониско скалило на одлучување. Паричната казна ја изрекол началникот на Генералштабот кон кого била упатена заканата. Првичната реакција на опозицискиот полковник беше дека е казнет противзаконски и во наместена од министерката дисциплинска постапка. На тоа доби одговор.
Не е учтиво од уста на дама на толку висока политичка и партиска функција да напаѓате на личност со неумесен речник и да ме наречете плачко и лажго, одговори преку Фејсбук казнетиот Ковачки. Смета дека неговата казна е и дефокус од реалните проблеми меѓу кои и улогата на министерот за одбрана во набавките на кинеските вакцини од ФАНТОМ фирмата во Хонг Конг.
ФЕЈСБУК СТАТУС НА ДРАГАН КОВАЧКИ: Престанете да манипулирате и кажете и’ на јавноста дека Комисија предводена од генерал не најде докази за тоа за што ме обвинувате, а Вашата комисија во која нема ниеден генерал туку има и лица помлади по чин од мене, Ви достави нарачан предлог. Па од авион се гледа Вашиот притисок врз Вашата комисија. Институцијата не Ви е партиска играчка да се пресметувате со мене затоа што не мислам како Вас.
Со Шекеринска во посета на реновираниот градиски павилјон во касарната Илинден беше и началникот на Генералштабот генералот Васко Ѓурчиновски. Бара политиката да остане надвор од армијата, а офицерите да ги почитуваат армиските правила без закани и навреди како што стори Ковачки.
Кога беше отворена дисциплинска постапка за неговите закани, Ковачки против својот надреден поднесе кривична пријава против Шекеринска за објавување класифицирани информации.
Миомир Серафиновиќ