Македонија Топ вести

Пописот ќе се врши на отворено, во дворовите на куќите и на простор пред зградите

Попишувањето ќе се врши пред вратите или во дворовите на куќите и становите. Државниот завод за статистика е подготвен најголемата статистичка операција да се спроведе по протокол без да се доведе во опасност здравјето на граѓаните. Одложување засега нема, а тоа може да го побара  само Комисијата за заразни болести. Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски тврди дека попишувањето е побезбедно од одењето во продавница.

Лицата кои се во изолација ќе се попишуваат со посебни мерки.Конкурсот за реонски инструктори и попишувачи заврши. Во понеделник ќе се знае вкупниот број на пријавени.Но овие лица нема да бидат вакцинирани затоа што вакцини нема.

Во меѓувреме се поголем е отпорот кај голем дел од граѓаните кои бараат поради тешката епидемиолошка ситуација и недостигот на вакцини пописот да се одложи, зошто во спротивно ќе се стави во сериозен ризик јавното здравје. И опозициската  ВМРО ДПМНЕ побара пописот да се одложи за септември за да биде кредибилен. Други пак бараат тој да се одржи во април 2022 година  и најавуваат дека доколку тоа не се случи ќе отпочнат со кампања за бојкот „Не отворај врата“.

Јулијана Пешевса

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе