Култура

Преводите на издавачката куќа „ Шкупи“ се одбиени заради некомпетентни преведувачи, велат од Министерството за култура

 По реакциите на издавачката куќа „ Шкупи“, дека осум преводни дела од проектот „ Наградена светска литература“, биле одбиени на годишниот конкурс за издавачка дејност на Министерството за култура , од овој ресор одговараат дека не се прифатени преводите зашто пријавените преведувачи не биле компетентни и дека дел од нив не се државјани на нашата земја.

-Од пријавите на Годишните конкурси од издавачката куќа „Шкупи“, во одбиените проекти на овој издавач се: четири проекти за превод од шведски на албански јазик кои имаат предвидено како автор на преводот едно исто лице коешто не е државјанин на РСМ, коешто живее во Шведска и нема формални квалификации за компетентност за преведувач. Еден проект за превод од англиски на албански јазик има предвидено како автор на превод лице коешто не е државјанин на РСМ, два проекти за кои Комисијата утврди дека преводот не е направен од јазикот на оригиналот и еден проект за кој немаше ниту биографија, ниту било какви референци или информации за авторот на преводот, велат од Министерството за култура.

На Годишните конкурси, на издавачката куќа „Шкупи“  и се одобрени два проекти за превод од турски и од хрватски на албански јазик, за кои авторите на преводот имаат формални квалификации и референци што сведочат за компетенциите на преведувачите за односните јазици.

А, во однос на  одбиените апликации од издавачката куќа „Шкупи“, за учество на меѓународните саеми на книга во Софија, Тирана, Истанбул и во Франкфурт, од  министерството со одговор дека се отфрлени поради недостиг на  дел од задолжителната документација.

– Корисникот нема доставено преписка со организаторите со која се потврдува учеството на саемите и дека истите ќе се реализираат, изјави од учесниците/соработниците во проектот, како и потврда за обезбедени средства од други извори на финансирање, дополнуваат од Министерството за култура.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе