Ракомет Спорт

Без Стоилов на реваншот против Данска во Алборг

По вчерашниот натпревар против Данска во Скопје во кој македонската ракометна репрезентација забележа победа од 33:29, Стојанче Стоилов се пожалил на повреда на грбот и поради тоа тој нема да биде во комбинација за вториот дуел во Алборг што се игра в недела.

По отсуството на Стоилов се очекува селекторот Кире Лазаров и стручниот штаб да решат дали Данска ќе се патува со двајца кружни напаѓачи, Жарко Пешевски и Никола Марковски или во тимот ќе го приклучи Михаил Аларов.

Конечната одлука се очекува да се донесе по вечерашниот тренинг или непосредно пред заминувањето за Алборг.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе