Бришење на процентот 20 отсто за права на Албанците, носење на Законот за државјанство и странски мониторинг за монтираните политички процеси во државата. Ова се трите услови на Алијанса за Албанците, за да прифатат влада на широка коалиција. Аргументираат дека, процентот ја ограничува уставната положба и стекнувањето на одредени социо-економски права на Албанците и бараат политичарите да си го остварат ветувањето што им го дале.
Вицепремиерот Груби со одговор дека опозицијата отвора големи теми за кои нема капацитет да ги реализира. Такво нешто, вели, би можеле да постигнат само ДУИ, во партнерство со СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, но нема потреба.
Од ВМРО ДПМНЕ не сакаа да коментираат. Ќе се произнесат откако ќе го добијат предлогот, но и ќе го чујат мислењето на сите други партии. Социјалдемократите, пак, одговорија дека отварањето на Уставот е сериозна работа и не може да се третира како дневна политика.
Далиборка Цветановска